Пофалба на Мајката Божја (Акатист) и Петтата Недела од Великиот Пост во Сиденхам

1380

На 19.04.2024 година, во петокот од Петтата седмица на Великиот Пост, во Соборниот храм „Раѓање на Пресвета Богородица“ во Сиденхам, се отслужи Мало Повечерие и Акатист кон Пресвета Богородица. После Акатистот се изврши и чинот на благословување и осветување на принесените петолебија.

На 21.04.2024 во Соборниот храм во Мелбурн „Раѓање на Пресвета Богородица“ во Сиденхам, се богослужеше Света и Божествена Литургија и верниот народ се причести со Телото и Крвта Христови. Богослужеше: ереј Александар Николовски.

Previous articleАкатист на Мајката Божја во Петтата недела од Великиот Пост во Футскрај
Next articleЦветници во Престон