Недела на Православието во Футскрај и Неделно училиште за дечиња

510

На 24 март, 2024 година, во Првата Недела од Великиот пост — Неделата на Православието, кога се празнува споменот на светиот Софрониј Ерусалимски и светиот свештеномаченик Пиониј, во црквата Свети Пророк Илија во Футскрај, се богослужеше утрена богослужба и Света Божествена Литургија. Богослужеше: протоереј – ставрофор Љупчо Каревски, а сослужуваше протоереј Мирко Пешовски.

На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни.

По богослужбата и Светата Божествена Литургија, се одржа неделното училиште за дечињата.

On March 24, 2024, on the first Sunday of Great Lent — Sunday of Orthodoxy, when the memory of saint Sophronius of Jerusalem and hieromartyr Pionius is celebrated, a morning service and Holy Divine Liturgy were held in the Church of Saint Prophet Ilija, Footscray.

At the Liturgy, the faithful people thanked God and partook of the Holy Mysteries of Christ.

After the service and Holy Divine Liturgy, Sunday School was held for the children.

Previous articleВтор дел од Акатистот на Мајката Божја во Сиденхам, Мелбурн
Next articleВтор дел од Акатистот на Пресвета Богородица во Футскрај