МПЦЕАНЗ беше гостин на Парламентарниот и меѓуверски доручек во Парламентот на Викторија

1412

На 26 Ноември, во Парламентот на Викторија, во халата на Кралицата, парламентарците ја имаа можноста да споделат заеднички доручек и да се запознаат со лидерите на 17 верски заедници во Австралија.

На настанот, од организаторот – Австралискиот католички универзитет, беше поканета Македонската Православна Црква, Епархија за Австралија и Нов Зеланд и надлежниот Архиереј неговото високопреосвештенство Митрополитот г. Петар. На парламентарниот и меѓуверски доручек, со благослов на Архиерејот, присуствуваше Архиерејскиот заменик игуменот Никодим (Солунчев).

Пред повеќето од 150 гости, вклучувајќи повеќе од 45 верски лидери и 45 членови на Австралискиот парламент се обратија: Заменикот премиер на Викторија г-дин Џејмс Мерлино, лидерот на Опозицијата г-дин Мајкл О’Брајан и Австралискиот комесар за Против расна дискриминација г-дин Чин Тан.

 

Previous articleСвета Литургија во црквата Свети Никола во Перт (23-та Недела по Педесетница)
Next articleВо Бризбен изградбата на новата црква напредува - поставена е темелната плоча