Молитвено прославен преподобниот Прохор Пчински во неговиот манастир во Донибрук

1117

Твојата божествена црква, како извор на чуда Бог ја покажа, не како некогаш Израилците во Овчјата бања, не едно туку безбројно мноштво добиваа исцеление блажен Прохоре. 

Преподобен оче Прохоре, моли го Бога за нас! 

(Од молебниот канон кон Светителот)


На 31 октомври, 2022 година, во навечерието на патрониот празник – споменот на преподобниот Прохор Пчински, во неговиот манастир во Донибрук, во сослужение на свештениците на Македонската Православна Црква, Епархија за Австралија и Нов Зеланд, беше одслужена празнична вечерна.

Утредента, на 1 Ноември се богослужеше празнична утрена богослужба и Света Божествена Литургија.

На богослужбите, верниот народ го прослави Бога кој е чудесен во своите светии и на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.

 

Previous articleРуската Православна Црква ја призна Македонската Православна Црква — Охридска Архиепископија за автокефална Сестринска црква
Next articleАрхиерејска вечерна богослужба во црквата Свети Илија во Фуцкреј