Молитвено одбележан храмовиот празник Раѓање на Пресвета Богородица во Соборната црква во Сиденхам

745

Во Соборната црква Раѓање на Пресвета Богородица во Сиденхам, Мелбурн, молитвено беше одбележан храмовиот празник. На 20 Септември, вечерта, во сослужение на свештениците од Мелбурн се отслужи празнична вечерна богослужба. Утредента, на 21 Септември се богослужеше утрена богослужба и Света Божествена Литургија.

На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови тајни.

По богослужбите беше послужена празнична трпеза на љубовта.

     

Previous articleСвета Литургија во црквата Светa Петка во Мил Парк (13-та Недела по Педесетница)
Next articleПразникот Раѓање на Пресвета Богородица во црквата Свети Илија во Футскреј