Молитвено одбележан храмовиот празник во црквата Света Богородица - Пречиста во Ливерпул

608

На 4 Декември, 2019 година, во црквата Воведение на пресвета Богородица – Пречиста во Ливерпул, Сиднеј, молитвено беше одбележан храмовиот празник. Вечерта спроти празникот се отслужи празнична вечерна богослужба, а утредента празнична утрена и Света Божествена Литургија.

На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

По завршувањето на богослужбата, во дворот на црквата беше послужена празнична трпеза.

 

Previous articleСвета Литургија во црквата Свети Пророк Илија во Футскреј (24-та Недела по Педесетница)
Next articleСвета Литургија во црквата Свети Пророк Илија во Футскреј (Воведение на Богородица - Пречиста)