Молитвено одбележан споменот на Светите Прохор Пчински и Гаврил Лесновски во манастирот Донибрук

1088

Во манастирот на Свети Прохор Пчински во Донибрук, Мелбурн, молитвено се одбележа храмовиот празник и се прослави споменот на преподобниот Прохор Пчински и преподобниот Гаврил Лесновски.

На 27 јануари вечерта во сослужение на свештенството од Мелбурн се отслужи празнична вечерна богослужба, а утредента, на 28 јануари, празнична утрена богослужба и Света Божествена Литургија.

На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни. По богослужбите се послужи празнична трпеза на љубовта.

Previous articleБожик во манастирот Донибрук
Next articleДЕКЛАРАЦИЈА ЗА МПЦ-ОА ОД АВСТРАЛИСКО-НОВОЗЕЛАНДСКАТА ЕПАРХИЈА