Молитвено одбележан споменот на Светите Прохор Пчински и Гаврил Лесновски во манастирот Донибрук

1131

Во манастирот на Свети Прохор Пчински во Донибрук, Мелбурн, молитвено се одбележа храмовиот празник и се прослави споменот на преподобниот Прохор Пчински и преподобниот Гаврил Лесновски.

На 27 јануари вечерта во сослужение на свештенството од Мелбурн се отслужи празнична вечерна богослужба, а утредента, на 28 јануари, празнична утрена богослужба и Света Божествена Литургија.

На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни. По богослужбите се послужи празнична трпеза на љубовта.

       

Previous articleСвета Литургија во црквата Света Богородица - Пречиста во Ливерпул (Собор на Св. Јован Крстител)
Next articleСвета Литургија во црквата Свети Пророк Илија во Футскреј (33-та Недела по Педесетница)