Молитвено одбележан споменот на преподобниот Прохор Пчински во неговиот манастир во Донибрук

1456

Во манастирот во Донибрук, Викторија, посветен на преподобниот и пустиножителен отец Прохор Пчински, молитвено беше одбележан патрониот и храмов празник.

На 31 Октомври, 2019 г., во сослужение на свештенството од Мелбурн се отслужи празнична вечерна богослужба, а Утредента, на 1 Ноември, се богослужеше празнична утрена богослужба и Света Божествена Литургија.

На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни. По богослужбите и Литургијата беше послужена празнична трпеза на љубовта.

                   

Previous articleСвета Литургија во Соборната црква во Сиденхам (Петковден)
Next articleСвета Литургија во Соборната црква Раѓање на Пресвета Богородица во Сиденхам (20-та Недела по Педесетница)