Молитвено одбележан споменот на Преподобен Наум Охридски во неговиот манастир во Роклин

151

На 5 јануари, 2023 година, кога нашата Македонска православна црква го чествува споменот на преподобниот отец Наум Охридски, во манастирот во Роклин, по повод патрониот празник, во сослужение на неколку свештеници се отслужи вечерна, а утредента утрена богослужба и света Литургија.

На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

По литургијата, во манастирската трпезарија од овогодинешните домаќини беше послужена празнична трпеза.

Previous articleПрославен споменот на Свети Спиридон во манастирот во Донибрук
Next articleБожикно послание на Митрополитот г. Петар