Летен камп по веронаука во Мелбурн

731

Драги браќа и сестри,
Ве известуваме дека традиционално како и секоја година, со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско – пелагониски и Администратор Австралиско – Новозеландски г. Петар, ќе се одржи летниот камп по веронаука во Соборниот храм “Рождество на Пресвета Богородица” во Сиденхам.

Кампот ќе започне од Вторник 26.12.2023 во 18 часот и ќе се одржува секој Вторник во 18 часот. Ве повикуваме да ги донесете децата на летниот камп по веронаука каде ќе се запознаат со основните на православната вера, црквата и Македонскиот јазик. Топло го препорачуваме летниот камп по веронаука каде децата ќе се запознаат меѓусебно, ќе започнат да се дружат и духовно ќе раснат преку Божјиот благослов во православната вера.

Previous articleПикник во манастирот во Донибрук
Next articleБожикно послание на Високопреосвештениот Митрополит ПЕТАР