Канонска посета на верниот македонски народ во Перт - Западна Австралија

1069

На 25 и 26 ноември, 2023година на 25 – тата недела по Педесетница и кога Црквата го празнува Светиот отец наш Јован архиепископ Цариградски – Златоуст, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско – пелагониски и Администратор Австралиско – Новозеландски г. Петар ја посети државата Западна Австралија со нејзиниот главен град Перт. Митрополитот најнапред ја посети МПЦО „Свети Никола“ на 69 Angove St. во Северен Перт и на 25 вечерта богослужеше воскресна Вечерна богослужба во храмот „Свети Никола“ во сослужение на парохискиот свештеник: протоереј Васко Трајчевски. Наредниот ден, нашиот архипастир богослужеше и проповедаше на Светата, Божествена и Архиерејска Литургија во истоимениот храм.

На литургијата верниот народ се причести со Светите Дарови, а потоа беа извршени Светите Тајни Крштение и Миропомазание од страна на Митрополитот г. Петар, врз чедото Божјо: Амелија Чагор од Перт.

Истиот ден, Митрополитот се одѕва на поканата на управниот одбор од Македонскиот Културен Центар „Илинден“ и истиот го посети, а од страна на домаќините беше приготвен и свечен ручек во чест на нашиот владика.

Митрополитот ги разгледа и изврши надгледување на досегашните градежни зафати, на новоизградениот македонски православен храм во Перт.

Свет Владико, верниот македонски и православен народ Ви благодари за посетата и Ви посакува секогаш топло „Добредојде“ во топлиот град Перт – Западна Австралија

Previous articleСвети вмч. Мина Чудотворец во храмот „Света Злата Мегленска“ во Хоперс Кросинг - Мелбурн
Next articleМПЦ Свети пророк Илија - Силванија