Воскресение Христово - Велигден во црквата Света Богородица - Пречиста во Ливерпул

625

На 28 Април, 2019 година, во црквата Света Богородица – Пречиста во Ливерпул, Сиднеј, се прослави најторжествениот и најсветол Празник Воскресение Христово – Велигден. По литијата и објавувањето на Воскресението Христово се богослужеше Света Божествена Литургија.

На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни.

Христос воскресна! Навистина воскресна!

Previous articleВоскресение Христово - Велигден во црквата Света Петка во Мил Парк
Next articleВоскресение Христово - Велигден во црквата Свети Никола во Перт