Архиерејска вечерна богослужба и Света Литургија во црквата Света Злата Мегленска во Хоперс Кросинг

832

На 25 октомври, вечерта, кога се празнува споменот на светата великомаченичка Злата Мегленска, во нејзината црква во Хоперс Кросинг, Мелбурн, се отслужи Архиерејска вечерна богослужбата на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот г. Петар, во сослужение со свештенството од Мелбурн.

Утредента, на 26 октомври, на храмовиот празник на црквата, Надлежниот Архиереј проповедаше и богослужеше Света Архиерејска Литургија. На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни.

По литургијата се послужи празнична трпеза на љубовта.

 

Previous articleСвета Литургија во црквата Свети Никола во Перт (20-та Недела по Педесетница)
Next articleСвета Литургија во црквата Свети Илија во Футскрај