Акатист кон Свети Нектариј Егински - испеан во неговиот параклис во манастирот Донибрук

891

На 9-ти Јули, 2023 година, игуменот на манастирот, архимандритот Никодим (Солунчев) и присутните верници, испеаа акатист кон Нектариј Егински Чудотворец во неговиот параклис во манастирот Донибрук.

Акатистната служба со краткотот житие на светителот е испечатена во спомен на изградбата на параклисот посветен на светиот Нектариј Егински, лоциран јужно од наосот на храмот (католикон) на светиот Прохор Пчински.

Игуменот Никодим, за параклисот на светителот обезбеди и на манастирот подари честици од чудотворните мошти на светиот Нектариј Егински. Честиците од моштите ќе бидат изложувани во параклисот за поклонение на верниците.

По акатистот, во манастирската трпезарија, за присутните беше организирана проекција на филм за животот на свети Нектариј Егински.

Во комплексот на новиот храм (католикон) на Светиот Прохор Пчински, покрај параклисот на свети Нектариј Егински е изграден и параклис на Свети Лука Кримски.

Чудесен си Господи во светителите Твои!

Свети отче Нектарије, моли го Бога за нас!

ТРОПАР, глас 1.
На Силиврија род и на Егина пазител, во последните времиња јавениот, вистински пријател на доблеста, Нектариј да го почитуваме верни, како боговдахновен служител Христов. Извира исцеленија секакви, на оние кои благочестиво го повикуваат: слава на Христа Кој тебе те прослави, слава на Оној Кој чудотворец те направи, слава на Оној Кој преку тебе твори на сите исцеление.

КОНДАК, глас 8.
Со радост те фалиме тебе кој се јави, како новојавена светлина на верата и новоподигнат бедем на Црквата, прославен со дејството на Духот, кој обилно точиш исцелителна благодат врз оние кои ти повикуваат: Радувај се, отче наш, Нектарије!

Линк од електронската верзија на акатистот кон Свети Нектариј Егински (со кратко житие)

Previous articleСвети Лука Кримски Лекар и Чудотворец кој го допира и раздвижува секое срце
Next articleИсповедање и примање на Православната вера со Свети Тајни Крштевање и Миропомазание во манастирот Донибрук