Штедете ги децата!

1262

Сите се чудат зошто се раѓаат болни деца. Да, заради гревовите на родителите, сите требаше да се раѓаат инвалиди. Здравите деца се знак на великото Божјо милосрдие, а ние го примаме како даденост. Ако родителите не се борат со гревовите, тоа за нивните децата ќе стане двојно потешко, а за внуците – тројно. Со секое ново поколение непокајаниот грев се задлабочува, се вкоренува длабоко. Така, пазете ги децата, молете се повеќе за нив. Страдањата се блиску. Научете се да ги штедите. „А што значи да ги штедиме децата, отче? – Тоа значи да го победиш својот грев, во тоа е поштедувањето на децата. Родителите се должни во сè да бидат напред, особено во молитвата, во добродетелите. Ако тие ги водат малите деца во храмот да се причестуваат а сами не живеат духовен живот, не се соединуваат со Христос, тие ги предаваат децата на страдание. Кога децата во раните години нема да го видат добриот пример, тие пораснуваат во безаконици. Во семејството треба да има многу деца, но во книгата „Премудрост на Исус, Син Сирахов“ се кажува, дека „кога децата се „умножуваат“, не се радувајте за нив ако тие немаат страв Божји“ – подобро еден праведник, отколку илјада грешници, подобро да умреш бездетен, отколку да имаш нечесни деца.

Архимандрит Иполит (Халин)

Извор:hram-slivnitsa.org

Previous articleСвета Литургија во црквата Света Богородица - Пречиста во Ливерпул (Втора Недела по Педесетница)
Next articleСвета Литургија во црквата Свети Илија во Футскрај (Втора Недела по Педесетница)