Чудесното јавување на старец Порфириј и исцелувањето на тешко-болната жена

2813

Во книгата „Патувајќи низ градските ѕидови“, монахињата Порфирија, која во световниот живот била таксист, раскажува за чудесното појавување на светиот Порфириј и чудното исцелување што тој го направил на болната жена – чудо кое покажува, дека животот продолжува и по смртта и нѐ учи, дека никогаш не треба да губиме надеж, затоа што Господ е Сесилен и Семоќен.

„…Беше 2 часот. Јас бев на плоштадот „Свети Анаргион“ во Атина. Бев застаната среде денските светлините на Атина. Еден човек ми пријде…

– Можете ли да ме одведете до Мениди?

– Не, не можам – одговорив. Не можев, затоа што требаше во 3 ч. да патувам за Пиреја.

Човекот стоеше спроти мене и чекаше да помине друго такси. Нешто во мене ми кажуваше дека треба да му помогнам. Му дадов знак да дојде кај мене. Веднаш штом влезе во таксито, тој извика:

-Тоа е невозможно! – Ја зеде фотографијата на свети Порфириј (која ја имав во таксито) во раката и ја бакна.

Во тој момент светлината се промени и јас завртив кон Мениди. Сакав да си ја вратам сликата назад, но кога видов како ја гледа со љубов, се покајав за таа мисла.

– Го познавате ли? – ме праша тој.

– Не, но од неговите книги го запознав и многу го засакав.

– Сакате ли, госпоѓо, да ви раскажам како јас се запознав со него?

– Се разбира – му одговорив радосно.

Човекот започна да раскажува:

– Дознав дека мојата жена е тешко болна, од рак. Лекарите ѝ даваа само три месеци живот. Во меѓувреме, мојот најстар син заврши средно училиште. Тој ни кажа дека се договорил со десет соученици да оди на Света Гора во време траење од една седмица, и нè замоли да му го дозволиме тоа. Му рековме дека се согласуваме и децата заминаа. Во меѓувреме, состојбата на жена ми започна да се влошува. Лекарот, кој се грижеше за неа ни кажа, дека крајот се приближува. Со голема болка го прашавме:

– Докторе, што можеме да сториме за да ѝ го продолжиме за малку животот?

Тој одговори:

-Можеме да направиме операција, па нека Бог помага! – одговори тој.

Се согласив, и жена ми исто така, затоа што сакаше да доживее барем додека нашиот син не се врати.

Нашиот син се врати многу радосен, толку среќен дотогаш не сме го виделе.  Ни раскажа дека убаво си поминал, дека монасите срдечно ги пречекале и дека добил голем мир во душата. Тој ни кажа дека таму го почуствувал Божјото присуство толку близу што заборавил дека мајка му е болна. Си спомнал за неа кога старецот Порфириј се појавил пред нив.  Тој ни кажа чудесни нешта за старецот Порфириј кој  се јавил на чудесен и неверојатен за нас начин.

-Простете – дофрлив јас – кога се случи тоа?

– Се случи во 1996 г.

Сите деца седеле под едно дрво, зборувале и се смееле, кога наеденаш еден монах се приближил до нив. Тие се исправиле и му ја бакнале раката, а старецот на секого од нив им ги кажувал имињата и семејствата на децата. На мојот син му рекол:

-Кажи ѝ на мајка ти, дека нема да има операција, бидејќи веќе ѝ е подобро!

– А ти ја познаваш? – запрашал син ми.

– Ја познавам, јас ве познавам сите вас!

– Кој си ти? – запрашале сите.

– Јас сум старец Порфириј – им кажал и си заминал.

Кога се враќале од Света Гора, застанале во Уранополис, во една аптека, за да си купат аспирин, бидејќи добиле морска болест и вртоглавица. Во аптеката виделе слика од старецот Порфириј и рекле:

– Тоа е старец Порфириј, кој го видовме на Света Гора!

Аптекарот веднаш штом слушнал збунето прашал:

– Простете ми, деца, вие сте го виделе тој Старец на Света Гора? Дали сте сигурни?

– Се разбира, сигурни сме – одговориле тие. Ние сите зборувавме со него. И се разбира бевме многу изненадени, бидејќи тој ги знаеше нашите имиња и нашите семејства. Кога го прашавме кој е тој, ни рече дека е Старец Порфириј.

– Деца, јас ви верувам дека сте го виделе, но… Не плашете се, кога ќе ви кажам дека старецот Порфириј починал пред пет години!

Децата биле шокирани!

– Невозможно! – рекле тие. Ние тукушто зборуваме со него!

Мојата сопруга и јас, верувавме дека виделе некој друг, што личи на него и кој исто така се викал Порфириј. Бидејќи сите монаси си личат еден на друг.

– Не ми верувате, нели? Во секој случај старецот ми рече дека не треба да се оперираш, затоа што си подобро – и рекло момчето на мајка си.

Два дена подоцна ние отидовме во болницата. Следното утро, требаше да се изврши операцијата. Времето настапи и додека чекав со мачнина пред операционата сала, наеднаш видов дека мојата сопруга излегува. Се затрчав кон неа и ја прашав:

– Што се случи?

– Нема да се оперирам, добра сум!

Лекарот излезе по неа.

– Што се случи, докторе?

– Не знам, таа не сака да ја оперирарам!

– Ти кажав – ми одговори таа – подобра сум!

– Драга, си полудела ли? – ја прегрнав и се обидов да ја убедам, дека треба да се согласи да се оперира.

Таа рече:

– Ви реков дека се чувствувам подобро! Направете ми испитувања и ќе видите, дека сум подобра, го чувствувам тоа!

– Добро! – рече лекарот – нема да ја присилуваме штом се чувствува подобро.

– Не ми верувате, нели? Добро! Направете ми испитување за да ви го докажам тоа.

И навистина испитувањата беа направени. Следниот ден резултатите беа добиени и лекарот ги гледаше сериозно.

– Што покажуваат испитувањата? – прашавме ние.

Болеста како никогаш да не ја допрела! Лекарите ги споредија старите и новите испитувања и не можеа да поверуваат! Беа изненадени, за нив тоа беше невозможно, и рекоа дека следниот ден ќе направат нови.

Кога мојот син дојде и лекарите рекоа, дека ќе мора да се направат нови испитувања, тој ми рече:

– Зошто не ми веруваш, дека го видов старецот Порфириј на Света Гора?

Тогаш лекарот рече:

– Кого си го видел? Старецот Порфириј?

– Да, тој ми рече, дека мајка ми е добро и дека нема потреба од операција.

Тогаш лекарот од џебот извади слика од старец Порфириј.

– Момче, него ли си го видел на Света Гора?

– Да, него!

– Испитувањета се точни! Вашата сопруга е добро, и сега навистина може да си замине! Одете и подгответе се!

Лекарите на мојата сопруга ѝ беа дале само три месеци живот. Оттогаш поминаа две години и таа е подобра дури и од времето пред да се разболе.

Расказот на човекот за ова чудо на старец Порфириј ми донесе голема радост. Единственото нешто, што го прошепотив, откако човекот си замина, беше:

-Ти благодарам!“

Според сведочењето на монахиња Порфирија

Извор: agapienxristou

Previous articleПримете сè во животот како милост и вистина на Господовите патишта
Next articleГостување на митрополитот г. Петар во емисијата „Ѕид“ на АЛФА ТВ