Чествуван чудотворецот Свети Спиридон и одржан традиционалниот македонски пикник во манастирот Донибрук

1648

На 25 декември, 2017 година, во манастирот Свети Прохор Пчински во Донибрук, Викторија, молитвено се одбележа споменот на светиот епископ и чудотворец Спиридон Тримитунски и се одржа традиционалниот редовен пикник.

Македонците од Мелбурн и околината, верни чеда на МПЦ, во денот за одмор знаеа каде да бидат – во македонскиот манастир,  на парчето македонска земја – имот на МПЦ – ОА.

Во прекрасниот манастирски амбиент, околу новоизградената црква во македонско-византиски стил, многубројните гости се послужија со манастирското гравче и зедоа учество во прославата по повод чествувањето на свети Спиридон и престојните новогодишни и божиќни празници, благодарејќи му на Бога за сите милости и добрини. И оваа година, радоста кај гостите беше голема поради големиот напредок на градежните активности, и особено, за речиси комплетната изградба на новата црква посветена на патронот на манастирот – преподобниот Прохор Пчински.

Верниците и посетителите, според можностите, приложија значителна сума на донации, со кои комплетно ќе се заврши преостанатото за доизградба на внатрешноста, поплочувањето на мермерниот под и иконата – мозаик на патронот Свети Прохор Пчински над влезната врата на новоизградената црква.

На пикникот беа собрани вкупно 13.000 австралиски долари, донација за манастирот.

Нека е сè во Слава на Бога и нека ни се честити новогодишните и божикни празници!

                  

Previous articleСвета Литургија во црквата Света Богородица - Пречиста во Ливерпул
Next articleИнтервју со Неговото Високопреосвештенство Митрополитот г. Петар за новинарството