Уште еден благословен работен ден во манастирот Донибрук

1278

Уште еден благословен работен ден на новата манастирска црква во Донибрук!

На 18 август, 2018 година, во манастирот Свети Прохор Пчински во Донибрук, Викторија, група пријатели на манастирот, организираа работна акција во која се постави одводната мрежа на атмосферските води околу новоизградената црква.

 

Благодарност до сите за несебичната помош!

По поставувањето на одводната мрежа ќе следува подготовката и изработувањето на армирано-бетонската патека околу манастирската црква, а во внатрешноста ќе се започне со поставувањето на подните гранитни и мермерни плочи.

Благословен е Бог – Света Троица!

Previous articleCветото Писмо
Next articleПразникот Преображение Господово во црквата Свети Никола во Престон