Успение на Пресвета Богородица во манастирот Донибрук

1090

Во Тебе Дево чиста, се победуваат законите на природата, бидејќи во раѓањето остануваш Дева, а твојата смрт навестува живот. По раѓањето остануваш Дева, и по смртта – жива, и секогаш го спасуваш, Богородице, твоето наследство. (Ирмос на 9 – тата песна од празничниот канон)

На 28 Август 2017 година, на празникот Успение на Пресвета Богородица, во манастирот Свети Прохор Пчински во Донибрук, Викторија, се богослужеше Празнична утрена богослужба и Света Божествена Литургија.

На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога, ја прослави Мајката Божја и се причести со Светите Христови Тајни.

Previous article12 - та Недела по Педесетница - Божествена Литургија во црквата Свети Илија во Футскреј
Next articleУспение на Пресвета Богородица во црквата Свети Илија во Футскрај, Мелбурн