Смирението е победничкото оружје

1545

Ни подвигот ни бдението, ниту било каков труд не го спасува човекот, туку смиреноумието.

Постоеше еден пустиножител (подвижник) кој борејќи се со демоните ги запрашал:

Со што се изгонувате, со постот? А тие му рекле: – Ние ниту јадеме ниту пиеме.

– Со бдение? На што одговориле: – Ние не спиеме.

– Со пустиножителство? – Ние живееме во пустините.

– Со што, пак, тогаш се изгонувате?

Тие рекле: – Ништо неможе да нé победи освен смирението.

Гледаш ли дека смирението е победничкото оружје против демоните.

Преподобна Теодора Александриска

Previous articleОд ближниот зависи животот и смртта
Next article8-ми Ден бр.67