Службен дел на Австралиско-новозеландската епархија (01.08.2017 – 22.08.2017)

1305

БОГОСЛУЖБИ:

Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, благоволи да богослужи Вечерна богослужба, Божествена Литургија и да проповеда:

На 01.08.2017 г., Препод. Макринa; Препод. Диј Антиохиски; Вечерна богослужба во црквата „Свети Илија“ во Футскреј;

На 02.08.2017 г., Св. Пророк Илија; Препод. Пречистански Маченици; Празнична Божествена Литургија во црквата „Свети Илија“ во Футскреј;

На 05.08.2017 г., Св. мч-ци Трофим, Теофил и 13 други;  Воскресна Вечерна богослужба во црквата „Свети Никола“ во Престон, Мелбурн;

На 06.08.2017 г., Св. мч-ка Христина, Св. мч-ци Борис и Глеб; Воскресна Божествена Литургија во црквата „Свети Никола“ во Престон, Мелбурн;

На 07.08.2017 г., Успение на Св. Ана; Препод. Олимпијада и Евпраксија; Празнична Вечерна богослужба во црквата „Света Петка“ во Мил Парк;

На 08.08.2017 г., Препод. мч-ка Параскева Римјанка; Празнична Божествена Литургија во црквата „Света Петка“ во Мил Парк;

На 08.08.2017 г., Препод. мч-ка Параскева Римјанка; Празнична Вечерна богослужба во црквата “Свети Димитриј Солунски“ во Спрингвајл;

На 09.08.2017 г., Св. в.мч. Пантелејмон; Св. Седмочисленици; Свети Климент Охридски; Празнична Божествена Литургија во црквата “Света Злата Мегленска“ во Вереби;

На 11.08.2017 г., Св. мч. Калиник; Св. мч-ка Серафима; Вечерна богослужба во црквата “Свети Никола“ во Перт;

На 12.08.2017 г., Св. ап. Сила, Силва , Крискент и др.; Божествена Литургија во црквата “Свети Никола“ во Перт;

На 12.08.2017 г., Св. ап. Сила, Силван, Крискент и др.; Воскресна Вечерна богослужба во црквата “Свети Никола“ во Перт;

На 13.08.2017 г., Св. Праведен Евдоким; Св. Јосиф Ариматејски; Богородични поклади; Божествена Литургија во црквата “Свети Никола“ во Перт;

На 18.08.2017 г., Претпразненство на Преображение Господово; Св. мч. Евсигниј; Празнична Вечерна богослужба во црквата “Свети Климент“ во Порт Кембла;

На 19.08.2017 г., Преображение Господово; Празнична Божествена Литургија во црквата “Свети Климент“ во Порт Кембла;

На 19.08.2017 г., Преображение Господово; Воскресна Вечерна богослужба во црквата “Света Богородица – Пречиста“ во Ливерпул, Сиднеј;

На 20.08.2017 г., Препод. мч. Дометиј; Препод. Пимен Многустрадален; Воскресна Божествена Литургија во црквата “Света Богородица – Пречиста“ во Ливерпул, Сиднеј;

СВЕТИ ТАЈНИ И ЧИНОДЕЈСТВИЈА: 

Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, благоволи:

На 02.08.2017 г., да изврши Мало осветување и полагање на Свет Антиминс во новиот олтар на новата црква, посветена на Св. Седмочисленици и на св. в-мч. Пантелејмон, во МПЦО „Свети Илија“ во Футскреј.

ПРИСУСТВА И ПРЕДАВАЊА: 

Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, благоволи: 

На 07.08.2017 г., да присуствува, да ја отвори и да одржи предавање на Свечената Академија по Повод Јубилејот – 50 години Автокефалност на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, во црквата „Света Петка“ во Мил Парк, Мелбурн.

ПРЕТСЕДАВАЊА, СОСТАНОЦИ, СРЕДБИ И ПОСЕТИ: 

Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, благоволи:

На 07.08.2017 г., да претседава со Седницата на Намесничкото Свештеничко Собрание за Викторија, Јужна и Западна Австралија и Нов Зеланд,  во Митрополијата во Футскрај;

На 13.08.2017 г. да претседава со Седницата на Црковно-општинското Изборно Собрание на МПЦО „Свети Никола“ – Перт, одржано во црквата „Свети Никола“ во Перт;

На 17.08.2017 г. да претседава со Заедничката седницата на Епархискиот Управен Одбор (ЕУО) и Епархискиот Црковен Суд (ЕЦС) на МПЦЕАНЗ, во кабинетот во Каролајн Спрингс, Мелбурн;

На 18.08.2017 г. да претседава со Седницата на Црковно-општинското Собрание на МПЦО „Свети Климент“, Порт Кембла, одржано во црквата „Свети Климент“ во Порт Кембла;

На 19.08.2017 г. да оствари средба и да одржи состанок со Градежниот одбор за изградба на новиот храм при МПЦО „Света Богородица – Пречиста“ во Ливерпул, Сиднеј;

На 20.08.2017 г., да оствари средба со надлежниот Австралиско-новозеландски митрополит на Српската Православна Црква, г. Силуан, во Сиднеј;

На 22.08.2017 г., да оствари средба со старешината на црквата „Света Злата Мегленска“, Вереби, протоерејот Јовица Симоновски и претседателот на Културно Уметничкото Друштво „Александар Македонски“ од Мелбурн, г-дин Јане Мавчев и да се договори соработка: КУД „Александар Македонски“, да ги користи просториите на црквата, при што, покрај редовните проби, децата и младите – членови на друштвото, ќе посетуваат и часови по веронаука, организирани од парохиските свештеници при црквата „Света Злата Мегленска“ во Вереби.

ОДЛУКИ И РЕШЕНИЈА:

Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски г. Петар благоволи:

Со Наредба ПМ бр. 58 од 17.08.2017 г., да ги задолжи Парохиските свештеници во МПЦЕАНЗ, кои не постапиле според Одлуката ЕУО бр.10 и ЕЦС бр. 6 од 22.07.2014 г., во рок од 15 дена да ги достават усовршените и осовремените парохиски Домовници во електронска и печатена форма до ЕЦС на МПЦЕАНЗ, по еден примерок, а во иднина при секоја направена промена, најмалку еднаш во годината, односно пред секое Црковно-општинско изборно Собрание.

 ЕПАРХИСКИ УПРАВЕН ОДБОР И ЕПАРХИСКИ ЦРКОВЕН СУД: 

Со Одлука ЕУО бр. 50 и ЕЦС бр. 27 од 17.08.2017 г., архиерејскиот заменик, архиерејските намесници, парохиските свештеници и ѓаконите, старешините, претседателите, секретарите, благајниците и друг персонал во црковните општини, црквите и манастирите, не смеат да го користат и употребуваат, односно злоупотребуваат авторитетот, името и достоинството на надлежниот Епархиски Архиереј,  дека им е кажано било што да прават, лично тие или други служби, поединци и личности, да заплашуваат и принудуваат да извршуваат било какви активности, службени или приватни, под изговор како тоа да им е наложено од надлежниот Епархиски Архиереј, а за што ќе се обратат во писмена форма ќе им се одговори во писмена форма, но и сите званични комуникации да се сметаат за веродостојни само во пишана и потпишана форма, со точна адреса и назнака до телата, органите и институциите на Епархијата и пошироко, кои им се обраќаат, и до кои се обраќаат.

Од Канцеларијата на МПЦЕАНЗ

Previous articleАрхиерејска Литургија во црквата Света Богородица - Пречиста во Ливерпул, Сиднеј
Next article5 - ти број на Пастир - парохиски весник на МПЦО Свети Никола - Престон