Света Тајна Причест

3806

ПРАШАЊЕ: Што е Света Тајна Причест?

ОДГОВОР:  Црквата ги нарекува Свети Христови Тајни – Телото и Крвта Христови, во кои се претвораат (ја менуваат својата суштина) лебот и виното, додека свештеникот ја служи Светата Литургија во храмот.

Нашиот Господ Исус Христос рекол:

„Кој го јаде Моето тело и ја пие Мојата крв, има живот вечен и јас ќе го воскреснам во последниот ден“ (Јован 6, 54)

За време на Тајната Вечера со Своите ученици (ноќта спроти Неговото крстно страдание)  Христос прв пат ја извршил Тајната Евхаристија, т.е. со благодатта на Светиот Дух ја променил суштината на лебот и на виното во Своето Тело и Крв. Потоа, давајќи им на Своите ученици да јадат и да пијат, им заповедал:

„Ова правете го за Мој спомен“ (Лука 22,19).

„Кој јаде од Моето тело и пие од Мојата крв, ќе биде во Мене и Јас во него“ (Јован 6, 56)

Сатаната, поради својата гордост, сакајќи да биде рамен на Бога, бил истеран од небото. Адам и Ева, прифаќајќи ја гордоста помисла од ѓаволот, да вкусат од забранетиот плод од Дрвото за познавање на Доброто и Злото, и со тоа да станат „како богови“ , биле протерани од Рајот. Христос, во Своето бескрајно смирение до смртта на Крстот, го победи сатаната со неговата гордост и го ослободи човекот од робување на гревот и му даде можност за вистинско обожување и соеднинување со Себе, преку причестување со Своите Тело и Крв.

Од книгата: Црковен живот за почетници, Протоереј Александар Торик

Библиотека „Св. Гаврил Лесновски“, Штип, 2012

Previous articleСвета Божествена Литургија во манастирот Донибрук
Next articleМолитва на дете за неговите родители