Света Литургија во црквата Свети Никола во Перт (28-ма Недела по Педесетница)

695

На 17 декември, 2017 година, во 28-мата Недела по Педесетница, кога се празнува споменот на светата великомаченичка Варвара и на преподобниот Јован Дамаскин, во црквата Свети Никола во Перт, Мелбурн, се богослужеше неделна утрена богослужба и Света Божествена Литургија.

На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни.

По светата литургија во Македонската народна општина „Вардар“, во чест на патронот на црковната општина – Светиот Николај Мирликински Чудотворец, од овогодинешните домаќини беше подготвена и послужена трпеза на љубовта.

Previous articleСвета Литургија во црквата Свети Илија во Футскрај (28-ма Недела по Педесетница)
Next articleСвета Литургија во црквата Света Злата Мегленска во Хоперс Кросинг (28-ма Недела по Педесетница)