Света Литургија во црквата Свети Никола во Перт (25-та Недела по Педесетница)

767

На 26 ноември, 2017 година, во 25-тата Недела по Педесетница, кога се празнува споменот на светиот Јован Златоуст – Патријарх Цариградски и на преподобниот маченик Дамаскин, во црквата Свети Никола во Перт, се богослужеше неделна утрена богослужба и Света Божествена Литургија.

На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни.

Истиот ден, по Светата Литургија, друштвото Гоце Делчев донира паричните срества за изградба на новата црква во износ од $5335.00долари. Средствата беа собрани на  игранката организирана од друштвото за оваа намена на 11 Ноември.

Благодарност до Бога и до друштвото Гоце Делчев за нивниот благороден и добротворен гест!

 

Previous articleСвета Литургија во црквата Света Злата Мегленска во Хоперс Кросинг (25-та Недела по Педесетница)
Next articleСвета Литургија во црквата Света Петка во Мил Парк (25-та Недела по Педесетница)