Света Литургија во црквата Света Петка во Мил Парк (Недела на Православието)

1016

На 25 февруари, 2018 година, во Првата Недела од Великиот пост – Неделата на Православието, кога се празнува светиот Мелетиј Антиохиски и преподобната Марина, во црквата Света Петка во Мил Парк, Мелбурн,  се богослужеше утрена богослужба и Света Божествена Литургија.

На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата, со црковните икони беше направен трикратен опход (литија) околу црквата.

Previous articleСвета Литургија во манастирот Донибрук (Недела на Православието)
Next articleСвета Литургија во црквата Свети Никола во Перт (Недела на Православието)