Прославен споменот на преподобниот Наум Охридски во неговиот манастир во Роклин

1287

На 5 Јануари, 2018 година, во манастирот на Свети Наум Охридски, во Роклин, Викторија, беше прославен храмовиот празник.

Верниот народ од Мелбурн и околината, традиционално го посети Светинаумовиот манастир во Австралија и го прослави Охридскиот чудотворец.

Вечерта спроти празникот се одслужи празнична вечерна а утредента, празнична утрена богослужба и Света Божествена Литургија во сослужение на свештеници од архиерејското намесништво за Мелбурн.

На Богослужбите и Литургијата, верниците преку светиот Наум Охридски просеа исцеленија за душите и телата, се заблагодарија на Милостивиот Бог и се причестија со Светите Христови Тајни.

По Литургијата присутните се послужија со празничната трпеза подготвена од овогодинешните домаќини.

Соединувајќи се со Христа, си го оставил светот, живеејќи со дух, телото си го распнал преблажени Науме. Си се стремел како апостолите да се подвизуваш и безбројното мизиско множество во верата си го вовел. Така и нас со твоите молитви избави нѐ од искушенија. (Тропар на преподобниот, глас 4.) 

Previous articleМолитва кон Свети Наум Охридски Чудотворец
Next articleСвета Литургија во црквата Свети Никола во Перт