Прославен патрониот празник на МПЦО Света Злата Мегленска во Хоперс Кросинг

1684

На 25 и 26 октомври 2017 година, во црквата Света Злата Мегленска во Хоперс Кросинг, Мелбурн, молитвено беше одбележан патрониот празник

Вечерта на 25 октомври во сослужение на свештениците од Мелбурн беше отслужена празнична вечерна богослужба а потоа послужена празничната вечера.

Утредента, на 26 октомври, се богослужеше празнична утрена богослужба  и Света Божествена Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни.

По Литургија беа извршени Водосвет, благословување на празничниот леб во спомен на Светата велико-маченица Злата Мегленска, и избран новиот домаќин за следната 2018 година.

На крајот, овогодинешните домаќини во црковната сала ја послужија празничната трпеза.

Previous articleМолитва на дете за неговите родители
Next articleСвета Божествена Литургија во црквата Свети Илија во Футскрај