Прославен Храмовиот празник во црквата Свети Никола во Перт

1267

Во црквата Свети Никола во Перт беше прославен храмовиот празник – споменот на Светиот Николај Чудотворец, Архиепископ Мирликијски.

На 18 декември, 2017 година, вечерта, беше одслужена празнична вечерна богослужба, а утредента, на 19 декември, празнична утрена богослужба и Света Божествена Литургија.

На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата беше извршен Мал Водосвет и беа благословени празничните славски лебови.

На многу години!

Previous articleПрославен Храмовиот празник во црквата Свети Никола во Престон
Next articleСвета Литургија во црквата Света Богородица - Пречиста во Ливерпул