Претендирачката улога на таканаречените „старци“

1731

Некои клирици на нашата Црква, иако ја запазуваат на зборови верноста кон својата Ерархија (Епископатот), се однесуваат како расколници, претендирајќи ја улогата на некакви „старци”. Критикувајќи ја Врховната црковна ерархија, тие, во спротивност со Духоносните Отци на минатото и сегашноста, се обидуваат да привлечат внимание врз себе си и на тој начин да си создадат што поголема репутација. Како по правило, за непроменлив и единствен услов на спасение тие го објавуваат полното потчинување кон себе на тие, кои ќе пристапат под нивно раководство, претварајќи ги во некакви роботи, кои без благословот на таквиот “старец’ не можат да направат ниедно добро дело, колку и тоа да е незначително. Човекот на таков начин се лишува од благословената слобода на волјата, која му ја дарува Бог. За да ја потврдат својата вистинитост тие неумесно се повикуваат на референци од светите отци, сквернавејќи го нивното велико дело и извртувајќи го самиот поим за старчеството… Оделни современи „старци“ (или подобро е да се нарекуваат „младостарци“), без духовно расудување, им налагаат на воцрковените мачни товари за носења (Лк. 11; 46), во својата пастирска дејност приложуваат печатени материјали погубни за духовниот живот, и неосновано наложуваат врз мирјаните, кои во голема мера се сеуште духовно неукрепени, форми на духовно раководство, релеванти само во монаштвото.

Блаженоупокоен Патријарх Руски, Алексеј ІІ

Previous articleGod's Story: John the Baptist
Next articleСвета Литургија во црквата Свети Илија во Футскрај (Иванден)