Помислите на човекот укажуваат на неговата духовна состојба

2090

Од тоа какви се помислите на човекот, се гледа неговата духовна состојба. Луѓето донесуваат заклучоци за нешто во зависност од тоа, каква содржина имаат нивните помисли. Ако нивните помисли немаат духовна содржина, донесуваат погрешни заклучоци и им нанесуваат неправда на другите. Ако, на пример, човек кој дели милостиња ноќе за никој да не го види, види некој доцна навечер на улица, никогаш нема да помисли нешто лошо за него. Но ако тој човек го види некој, кој ги поминува ноќите во грев ќе рече: „Гледај го, којзнае каде ја поминал ноќта“, бидејќи самиот има такви искуства…

Се сеќавате како се соочија со Христа двајцата разбојници што беа распнати заедно со Него? И двајцата го гледаа Христа на Крстот, земјата како се тресе и другите нешта. И двајцата имаа помисли. Едниот од нив, оној од левата страна, хулеше на Него и рече: „Ако си Ти Христос, спаси се Себеси и нас! (Лк.23,39). А другиот, оној од десната страна, рече: „Ние сме праведно осудени, зашто примивме заслужена казна според нашите дела, но Он ништо лошо не направил“ (Лк.23,41). Овој се спаси, а другиот отиде во пеколот.

Свети Пајсиј Светогорец

Споменот му се чествува на 23 Ноември

Previous articleСвета Литургија во црквата Света Богородица - Пречиста во Ливерпул
Next articleРазлози против контрацепцијата, стерилизацијата, вештачкото оплодување и абортусот