Одбележан 20 годишниот јубилеј на МПЦО Св. Злата Мегленска во Хоперс Кросинг, Мелбурн

2324

На 21 октомври 2017 година на МПЦО Света Злата Мегленска во Хоперс Кросинг, Мелбурн, со вечерна богослужба и свечена прослава се одбележа 20 годишниот јубилеј од постоењето на оваа Црковна општина.

Црковната сала беше претесна за да ги собере сите кои сакаа да присуствуват на овој значаен јубилеј.

Од името на надлежниот Архиереј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор за Австралија и Нов Зеланд Г-дин Петар, присутните ги поздрави Архиерејскиот заменик Игуменот Никодим (Солунчев) и им го честита јубилејот посакувајќи им уште поголеми успеси и напредок во црковниот живот.

Пригодно слово за почетоците и досегашните успеси на црковната општина произнесе старешината Протоереј Јовица Симоновски.

Исто така, од името на надлежниот Архиереј, Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор за Австралија и Нов Зеланд Г-дин Петар, на досегашните дарители, помагатели и градители во МПЦО Света Злата Мегленска им беа доделени благодарници.

Previous articleЗа вистинските и лажните духовници - Монах Симеон Атонски
Next article20-Недела по Педесетница - Литургија во црквата Свети Никола во Перт