Не му се плашете на сатаната! Тој нема сила

8053

Зарем верувате дека ѓаволот е слободен? Не! Тој е најограничен, бидејќи не е во Христа… Затоа не му се плашете! Тој нема сила. Кога би знаеле само колку труд вложува Сатаната за да ја прекине нашата молитва. Најголемата грешка е да се впуштите во разговор со демонот. Ние треба да разговараме само со Бога. За да го избркате говорете: „Господи Исусе Христе, помилуј ме“ и обратете се кон Бога. Силата на Неговото Име ке го прогони. На ѓаволот му одговара да стапите во разговор со него, бидејќи тоа значи дека го признавате, а со молитвата ние го игнорираме.

Ако говориме за пеколот, тогаш го игнорираме рајот! Одењето по погрешен пат, т.е. да грешиш значи – пекол. Гордоста е ѓаволска состојба, потполно сатанска. Ниедна друга страст не го приближува човекот кон ѓаволот колку гордоста. Ако не ги слушате оние кои Бог ги именувал да ги слушате, лесно може да се разбере дека повеќе го слушате Сатаната. Луцифериовиот пад е безнадежен. Најголем пад во само два збора: „Јас сум…“

Индиректно, ѓаволот го исповедува Бога преку искушенијата. Не постои врска помеѓу доброто и злото. Нашиот Спасител рекол:„Дај ми го срцето твое!“ Но ѓаволот вели: „Ми треба само еден твој прст“, за преку него, наскоро да би загосподарил со целото твое битие, со тебе целиот.

Гревот (неговото спознавање) носи смирение. Тогаш, се подразбира дека ѓаволот игра споредна „улога“ во нашето спасение, бидејќи ги открива нашите слабости, и така ни помага да раснеме во Христа. Кога Тој би знаел колку ни помага во нашето спасение, помалку би се мачел…

Старец Арсениј Папачок

 

Previous article14 - та Недела по Педесетница - Света Литургија во црквата Свети Илија во Футскрај, Мелбурн
Next articleЗборувам 5 јазици