Најважно е каде е насочена волјата на човекот

1706

Господ во светата тајна на Евхаристијата нѝ се дава Себеси. Тој е нашето Раѓање, Христос е нашата Пасха. Најважно е каде е насочена волјата на човекот: што ти самиот сакаш? Сакаш ли да се родиш за духовниот свет? Господ тропа на вратите на секоја душа. Нè повикува во храмот. Сака да нè спаси. Сè ни дава за животот, и не толку за земниот, колку за вечниот. Тој нѝ допушта страдања, за да можеме да размислиме што ќе се случува во идниот век. Заболувањето – ете потсетник да се помолиме и подготвиме за Причесната. Понекогаш сме толку зафатени што изгледа дека повеќе не нѝ е до Бога. И тогаш сме се разболеле – и веднаш се сетивме. Или одеднаш започна војната  – и луѓе во редици се во храмовите. Значи, секогаш кога имаме некакви проблеми. Со Бога, не е страшно. Господ помага.

Схиархимандрит Илија (Ноздрин)

Previous articleНедела на Преподобен Јован Лествичник во црквата Света Богородица - Пречиста во Ливерпул
Next articleСвети Четириесет Маченици (Младенци) - Литургија на Претходно осветени дарови во црквата во Ливерпул