Молитвено одбележан храмовиот празник на црквата Света Петка во Мил Парк

1118

Во црквата Света Петка во Мил Парк, Мелбурн, молитвено беше прославен храмовиот празник – споменот на преподобната маченичка Параскева Римјанка.

Вечерта спроти празникот, на 7 август, во сослужение на свештенството од Мелбурн се отслужи празнична вечерна богослужба, а утредента, на 8 aвгуст, се богослужеше празнична утрена богослужба и Света Божествена Литургија.

На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата беше извршен водосвет и беше послужена празнична трпеза.

Previous articleБог е оган кој ги стоплува и разгорува срцата
Next articleСвета Литургија во црквата Свети Илија во Футскрај