Молитвено одбележан храмовиот празник во црквата Свети Никола во Перт

813

На 19 декември, 2018 година, во црквата Свети Никола во Перт, беше прославен храмовиот празник – споменот на светиот Никола, Архиепископот Мирликиски – Чудотворец.

Вечерта, спроти празникот, се отслужи празнична вечерна богослужба, а утредента празнична утрена и Света Божествена Литургија.

На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата, во црковната трпезарија беше послужена трпеза на љубовта.

Previous articleСвета Литургија во Соборната црква Раѓање на Пресвета Богородица во Сиденхам
Next articleСвета Литургија во црквата Света Богородица - Пречиста во Ливерпул