Молитва на Свети Нектариј Егински кон Мајката Божја

3840

Марија, Дево Пречиста, Пресвета Богородице!

Царице, Богомајко Дево, Покрове кој покриваш сè!

Повисока од Небесните Сили, Ти си Светлост над светлоста!

Пречесна Владичице на сите небесни војски!

Надеж на сите праотци, Исполнение на сите пророци!

Помошничке во подвизите, Кивоту на Бога Логосот!

Девственичке на Ликувањето и Мајко на среќата!

Целомудрена Наставничке и Чистилиште на нашите души!

Покрове поширок од небесата и Прибешиште на страдалниците!

Заштито и застапничке на немоќните, и Надеж на сите безнадежни!

Марија, Мајко на Вистинскиот Христос Бог!

Аронов процветан Жезолу, Саду на тивката радост!

Утехо на сиромашните и вдовиците, Помошничке во неволји и јад!

Свештена и Непорочна, Сепрославена Владичице!

Измоли за мене милосрдие од Божјиот Син!

Застапничке на спасението, клекнувам пред Тебе и воскликнувам:

Радувај се Невесто Неневестна!

 

Previous articleСвета Литургија во црквата Свети Никола во Перт
Next articleСвета Литургија во црквата Света Богородица - Пречиста во Ливерпул