Молитва кон преподобниот отец Прохор Пчински

2355

О, свети и преподобен оче наш Прохоре, велики угоднику Господов, наш топол застапнику и секогаш брз помошнику. Помогни ми на мене грешниот и раслабениот и измоли го Господ Бог да ми дарува прошка на гревовите, кои ги направив од младоста и во целиот живот, со дело, зборови, мисли и со сите свои сетила: да ме исцели од телесните и душевните болести, и при исходот на душата моја од телото, помогни ми мене бедниот. Измоли го преблагиот Бог, Творецот на сето создание да ме избави од воздушните царини и вечните маки, за да го славам Отецот и Синот и Светиот Дух, и твоето милостиво застапништво, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.

Previous articleВо молитвата е полнотата на животот
Next articleМолитвено прославен преподобниот Прохор Пчински во неговиот манастир во Донибрук