Лазарeва сабота во црквата Свети Илија во Футскрај

1615

На 31 март 2018 година, на Лазарева сабота, кога го празнуваме воскреснувањето на светиот и праведен пријател Христов четвородневниот Лазар, во црквата Свети Илија во Футскрај, Мелбурн, се богослужеше утрена богослужба и Света Божествена Литургија.

По Литургијата, дел од членовите на Младинската Православна Група „Свети Пророк Илија“, за утрешниот празник Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, подготвија плетени крвчиња и ја украсија внатрешноста на црквата со палмови гранчиња.

 

   

 

Previous articleЛазарева сабота во црквата Свети Никола во Перт
Next articleЦветници во манастирот Свети Прохор Пчински во Донибрук