За духовните старци - Монах Симеон Светогорец

1827

Старец не е оној кој себе се возвишува и си припишува успеси, туку е простодушен и благ.

Старецот не е пророк и гатач, туку човек кој просветлен од Светиот Дух ја следи Божјата волја.

Старец не е оној кој е жртва на тленото, туку човек на нетленото.

Старецот не е политичар и љубезен познаник на кнезовите (властите) на овој свет, туку пријател на Царството Небесно.

Старецот, кој ги прогонува своите неработливи послушници, изгледа како Мојсеј во Египет, а старецот кој ги трпи, е како Христос на крстот.

Духовни престапи кои не треба да се премолчат:

-да градиш мермерни палати и да ги принудуваш монасите и монахињите да ги опслужуваат;

-да водиш жени на помош на монаси, а на монахињи – мажи.

-да ги користите монасите и монахињите за да стекнете пари и да се збогатите.

Старец не е оној кој станува жртва на страсти, туку победник на сето страстно.

Старец не е оној што живее целосно на земјата, туку оној кој неговото срце живее на Небесата.

Вистинскиот старец не се стреми да демонстрира старчество.

Вистинскиот старец е ценет според плодовите на неговиот труд.

Вистинскиот старец не се смета себеси за светител, затоа што му го дал своето срце на Бога.

Кој можеме да го определиме за духовен старец?

Во текот на неговата интензивна борба со помислите, монахот не може да се нарече старец, и додека во себе ја чува приврзаноста кон неговите дела, бидејќи тоа значи дека тој сеуште не се ослободил од ропството на овој свет. Лошо полираниот скапоцен камен привлекува прашина и лесно се валка.

Огледалото го прикажува образот јасно, без изобличување и дава прецизен одраз на лицето што се огледува во него. Монашкото срце наликува на огледало кое освен Бог нема ништо друго во него, и кое секогаш живее во совршена чистота и без никакви помисли.

Таквото срце е исполнето со силата на Божествената љубов и во него живее Христос. Старец можеме да го наречеме оној, кој сѐ извршува со срце исполнето со совршената Љубов.

Вистинскиот старец – Христос во тело.

Монах Симеон Светогорец

Извор: bg-patriarshia.bg

Previous articleСвета Божествена Литургија во црквата Свети Илија во Футскрај
Next articleСвета Божествена Литургија во манастирот Донибрук