Господ ja очекува нашата согласност

2003

Човековата слобода за согласност секогаш му припаѓа на човекот. Преподобен Макариј Египетски (Беседа 26,6) вели дека Господ ја ограничил силата на чудотворство кај апостолите, бидејќи тие заради својата ревност за обраќање на сите во верата, со силата на знаци и чуда, скоро би го присилиле целиот свет на примање на верата. Па така, Господ од нас очекува слободно да се изјасниме за својата согласност, сака од нас подвиг на верата – и за таа цел ни даде разум способен да Го познае Вистинскиот. Сака да се сораспнеме со Него доброволно, како што и Он Самиот доброволно пострада за нас.

Старец Софрониј Сахаров

Previous articleСоздание за љубов
Next articleОвдешниот живот не е ни шега ни играчка