Во молитвата е полнотата на животот

1923

Во молитвата е полнотата на животот, животната сила, нелицемерниот израз на љубовта, исконската потреба за припадност. Преку молитвата Адам пред падот, постојано општеше со Бога, а после падот таа со напор и маки се враќа во нашите срца. Со голем труд се добива молитвата, а со неа благодатта, која е учителка на сите добродетели, прозор кон сите знаења, видело на сите виделини. Со благодатта се знае она што се знае, со неа се гледа и со неа се живее. Со благодатта на Светиот Дух можеме и умееме. И во крајна смисла, со неа и само со неа, може да се спознае Бог како едносуштие на Света Троица.

Архимандрит Пајсиј Танасиевиќ

Previous articleСвета Литургија во црквата Свети Никола во Престон (21 Недела по Педесетница)
Next articleМолитва кон преподобниот отец Прохор Пчински