Архиерејска Света Литургија во црквата Свети Илија во Футскрај (Собор на Арх. Михаил)

1127

На 21 ноември, 2018 година, кога се празнува Соборот на светиот Архангел Михаил и на светиот Ангел Лерински, во црквата Свети Илија во Футскрај, се богослужеше  утрена богослужба и Света Божествена Литургија со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар.

Надлежниот Архиереј на богослужбата благоволи да го ракопроизведе момчетоТимотеј во чин „чтец“. По Литургијата, во црковната трпезарија беше послужена трпеза на љубовта.

    

 

Previous articleСвета Литургија во Соборната црква Раѓање на Пресвета Богородица во Сиденхам
Next articleСвета Литургија во црквата Свети Никола во Перт