Архиерејска Света Божествена Литургија во црквата Свети Никола во Престон, Мелбурн

694

На 6 Август, во 9 – тата Недела по Педесетница, кога се празнува споменот на светата маченичка Христина и на светите маченици Борис и Глеб, во црквата Свети Никола во Престон, се отслужи Архиерејска Божествена Литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар.
По повод Неделното Евангелие и Празникот, Митрополитот благоизволи да изговори пригодна проповед.
На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни.

Previous articleСвета Божествена Литургија во црквата Свети Илија во Футскрај, Мелбурн
Next articleАрхиерејска вечерна богослужба и Свечена академија по повод Јубилејот: 50 години Автокефалност на МПЦ - ОА, во црквата Света Петка во Мил Парк