Прославен празникот на преподобен Наум Охридски во неговиот манастир во Роклин

1381

Во манастирот Свети Наум Охридски во Роклин, Викторија, и оваа година молитвено се прослави патрониот празник.

Вечерта спроти празникот се отслужи празнична вечерна богослужба, а утредента на 3 јули, во сослужение на свештеници од Мелбурн, се богослужеше утрена богослужба и Света Божествена Литургија.

На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата, посетителите од Мелбурн и околината се послужија со празничната трпеза подготвена од овогодинешните домаќини.

Преподобен оче Науме моли го Бога за нас!

Previous articleБдение за празникот на Сите Светии и Свети Лука Кримски Чудотворец во манастирот на Свети Прохор Пчински во Донибрук
Next articleАкатист кон Свети Лука Кримски - испеан во неговиот параклис во манастирот Донибрук