На 31 октомври, 2025 година, вечерта, по повод храмовата слава, во Манастирот “Св. Прохор Пчински” во Донибрук, се отслужи празнична вечерна богослужба – едноцрквие.
Утредента, на 01 ноември, 2025 година, се богослужеше празнична утрена богослужба и Света Божествена Литургија.
На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни.
По Литургијата се изврши благословување на празничниот леб и коливо, и се отслужи Парастос во спомен на починатите.
По богослужбите, во Манастирската сала, беше послужена празнична трпеза за верниците и свештенослужителите.














