На 25-ти Октомври 2025 год. се отслужи вечерна богослужба во МПЦ Св. Вел.Мч-ца Злата Мегленска, Хоперс Кросинг, Мелбурн со свештениците од Мелбурн, а на 26-ти Октоври 2025 год. се отслужи Утрена со Св. Божествена Литургија на која верниците се причестија со Телото и Крвта на Спасителот наш Господ Исус Христос. По Св. Литургија беше прекршен празничниот леб и беше избран нов домаќин за следната година. Потоа беше послужена трпеза на љубовта во организација на досегашните домаќини во црковната сала.













