На 4 јануари 2026 година, во манастирот Свети Наум Охридски во Роклин, по повод патрониот празник, во сослужение на неколку свештениците од Мелбурн се богослужеше Вечерна богослужба.
После Вечерната, во манастирската трпезарија од овогодинешните домаќини беше послужена трпеза на љубовта.
Наредниот ден 5 јануари во манастирот Свети Наум Охридски во Роклин, Викторија,
Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско – Новозеландски г. Петар, богослужеше Света Божествена Литургија во сослужение со свештеници од Епархијата.
На Литургијата, од десницата на нашиот Митрополит Петар, надлежен архиереј на оваа богомдарувана Епархија беше ракоположен во ѓаконски чин Мајкал Павлески од Мелбурн, кој што беше повеќегодишен вероучител, чтец и прислужник во црквата Свети Илија, Футскрај, кој се одликува со голема побожност и вера, но и со неизмерна скромност.
Од името на МПЦЕАНЗ на ѓаконот Мајкал Павлески му го честитаме чинот во кој е ракоположен, да го носи со чист и бел образ и достојно да му служи на Бога и својот верен македонски народ. Достоен!
















