На 08 февруари, 2026 година, кога Светата Црква го прославува споменот на Преподобните Ксенофонт и Марија и нивните синови Јован и Аркадиј и Свети Јосиф, епископ Солунски, во Манастирот “Свети Прохор Пчински” во Донибрук, се отслужи утрена Богослужба и Света Божествена Литургија.
На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни.














