Архиерејска литургија во Бризбен, Квинсланд

453

Вечерта на 16 јануари 2026 г. во храмот Успение на Пресвета Богородица во Вудриџ населба на градот Бризбен, Квинсланд, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско – пелагониски и Администратор Авсралиско – Новозеландски г. Петар богослужеше Вечерна богослужба со петтолебие.

Утрото на 17 јануари кога го славиме споменот на Седумдесетте Апостоли;преп. Теоктист и преп. мч.Онуфриј, Митрополитот г. Петар богослужеше Утрена и Света Архиерејска литургија. Му сослужуваа парохискиот свештеник: протоереј Радивој Станковски и протоерејот Стефан Давид од Руската Православна Црква.

Верниот народ се причести со светите Христови Тајни, а потоа беше послужена и трпеза на љубовта. Верниците од оваа црковна општина му го честитаа 30 годишниот јубилеј на нашиот Митрополит и се помилија за негово здравје и спасение.

Долгоденствуј владико свет!

Previous articleБожик во Хоперс Кросинг
Next articleВодокрст и Богојавление во Престон